Битиќи: Проекциите се дека минималната плата ќе биде 22.000 денари до 2026 година
Имаме проекции до 2026 како ќе се движи минималната плата. Сепак, тоа се проекции кои се поставуваат на ниво на различни макроекономски фактори. До 2026 година, минималната плата ќе биде 22.000 денари само со усогласување, без никакво интервенирање, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Тој во емисијата „Утрински брифинг“ го поздрави вчера постигнатиот договор за минималната плата од 18.000 денари, укажувајќи дека целта е да се креираат механизми со кои граѓаните ќе се извлечат од прагот на сиромаштија во кој биле години наназад.
– Во 2016 година, уделот на минималната плата беше 38 проценти од просечна плата, а сега со поставување на уделот од 57 посто сме сигурни дека никогаш нема да паднат под прагот од 57 посто, рече вицепремиерот Битиќи.
Според него, само преку дијалог може да се дојде до одржливо решение.
Во однос на барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се усогласат и платите во јавниот сектор, вицепремиерот Битиќи укажа дека усогласувањето на платите е дел од законското решение и дека усогласувањето ќе биде направено со член 8.
– Сите плати треба да се усогласат со минималната плата. Нема поделба на јавен и приватен сектор. Законите се носат врз основа на параметри кои треба да овозможат праведност и правичност, рече Битиќи.
Ново на Сител
-
Стартува амандманската расправа за буџетот - Поднесени над 300 амандмани од опозициски партии
-
Ќе растат платите на здравствените работници - Премиерот и синдикатот потпишаа договор
-
Продолжуваат преговорите со банките за кредитите за стопанството
-
Николовски: Изградбата на Коридорот 10 е приоритет и покрај обидите на Бугарија да ја заобиколи Македонија
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите