„Билд“: Новата помош за Грција ќе го чини секој Европеец по 700 евра
Германскиот магазин „Билд“ објави таен документ на германската „Дојче Банк“ во кој се тврди дека до крајот на годинава ќе биде неопходно отпишување на околу 200 милијарди евра од долгот на Грција.
- Кратењето на долгот на Атина е неизвежно и тоа ќе чини скапо, наведува „Билд“, додавајќи дека оваа „застрашувачка фактура“ за новата помош на Грција секој жител на еврозоната ќе го чини по околу 700 евра.
Во тајниот документ на „Дојче Банк“ се проценува дека до крајот на годината грчкиот долг ќе достигне 340 милијарди евра и за да може тој да биде одржлив ќе биде потребно да се отпишат 200 милијарди евра.
Според експертите на банката, Грција во никој слуај не би можела сама да го исплати овој огромен долг и покрај спротивните тврдења на голем број економисти и грчки политчари.
- Грчката економија е скршена. Државната поторшувачка е преголема, а инвеститорите ги нема. Затоа како неизбежна мерка се поставува отпис на долгот и подготовка на нов четврти пакет помош, вели за „Билд“ директорот на Центарот за европска политика, Лудер Геркен.
Спорд него, единствена функционална мерка за опоравување на грчката економија би било излез на Грција од Еерозоната. - Но, дури и во таков случај заздравувањето на грчката економија би треаело со години, смета Геркен.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата