Бигорски со видео посветено на Неделата на простувањето – Прочка
Македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, пред празнкот Велкпоклад Прочка,д ен пред Велиденски пости подготви видео со наслов „Умилителна Вечерна на простувањето – Прочка во Бигорски“.
Во него се искористени материјали од минатогодишното празнување во Бигорски, за време на Неделата на простувањето – Прочка.
-Пред нас е прекрасната Недела на простувањето - Прочка, ден во кој секој од нас е повикан да го отвори своето срце и да ги рашири своите раце за да ги прегрне сите луѓе, преку големото дело на простувањето. Зашто, нема ништо поубаво од тоа да се поттикнат благородни чувства во душата на секој човек, велат од Бигорската обител.
Од особено значење е тоа дека, богослужбата од ваков вид, всушност е една древна традиција која оставила силен впечаток меѓу нашиот народ.
На тој ден луѓето се охрабрувале да си подадат рака и да си простат и одново го започнувале своето пријателство. Еден од друг, молејќи за прошка, се соединувале преку љубовта, единството и братството, за очистени да го започнат Големиот Велигденски седумнеделен Пост.
Ново на Сител
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија