Без струја делови од четири скопски општини
Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, корисниците од дел од село Кучково во Општина Ѓорче Петров денеска од 9 до 10.30 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, од 9 до 12 часот струја ќе немаат корисниците од улиците „Ѓорѓи Сугаре“, „Михаил Чаков“ и „Петар Делјан“ во Општина Кисела Вода, од 9 до 13 часот – корисниците од улиците „Хаџи Трајко“, „Горноврановска“, „Лисец“, „Божин Николов Силни“ и „Горно Лисиче“ во Општина Аеродром.
Од 9 до 16 часот денеска без електрична енергија ќе останат и корисниците од улиците со броеви 44, 46, 54, 62, 64 и 66 во населба Кисела Јабука, Општина Ѓорче Петров, а од 11 до 13 часот и корисниците од дел од објектите во Касарната Илинден (во близина на Аквадуктот) во Општина Чаир.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта