Без победник во „Дерби дела Италија“
Фудбалерите на Јувентус ремизираа 1:1 со Интер во Торино во најголемото дерби на италијанскиот фудбал. По 13.рунди разликата на табелата остана иста, Интер има два бода повеќе од Јувентус.
Конечниот резултат во дербиот беше поставен по 33 минути игра, во динамичното прво полувреме, во кое двата тима покажуваа амбиции да нападнат.
Во вториот дел се водеше тактичка битка, а двата тима повеќе се грижеа да не примат отколку да постигнат гол.
Влаховиќ го постигна првиот гол на натпреварот. Во 27 минута одлично реагираше по додавањето од Киеза. За српскиот напаѓач ова беше петти гол во Серија А оваа сезона.
Радоста на домашните навивачи траеше само шест минути. Одлична контра повлече Тирам кој му ја додаде топката на Лаутаро Мартинез, а Аргентинецот во свој стил израмни за гостите од Милано.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени