Без да плати со приватно возило поминувал патарина, кривична за началник
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциіа, поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања" по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот, вработен во МВР на работното место началник на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани - СВР Штип, на 11.07.2024 во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати поединечен билет за патарина, односно на вработените во кабината им ја покажувал службената легитимација и ги поминувал наплатните станици. Во врска со настанот, од Јавното претпријатие „Државни патишта“ доставен е видео материјал од безбедносните камери на наведените наплатни станици на кои се гледа како пријавениот ја покажува службената легитимација.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки против А.М. ќе поднесе предлог за поведуванье на постапка за утврдуванье на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите