Македонија
24. February 2023 - 18:48

Бети Стаменкоска Трајкоска: Премиерот да ми се извини

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска преку Фејсбук побара од премиерот Димитар Ковачевски да и се извини.

„Говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие. Најмалку што може да стори премиерот денес, е ДА МИ СЕ ИЗВИНИ!“ - пишува пратеничката Стаменкоска Трајкоска.