Бесплатно тестирањето за Ковид-19 за наставниците во Грција
Преку специјална платформа, просветните работници во Грција можат да се пријават за бесплатно тестирање за Ковид-19, кое започна утрово, а е во пресрет на отворањето на училиштата и градинките в понеделник, јави дописничката на МИА од Атина.
Предвидено е брзите тестови да се прават на 386 различни локации во цела Грција, по закажан термин преку платформата, што е наменета и за наставниците, но и за учениците над 16-годишна возраст.
Според локалните медиуми, во Солун, рано утрово има редици на локациите каде што се врши тестирање, поради големиот интерес на просветните работници.
По позитивната препорака од Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција в понеделник ќе се отворат основните училишта, забавиштата и градинките, додека, пак, средношколците ќе продолжат со онлајн настава.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот