Берово преполно со туристи за Велигден
За велигденските празници Берово е преполно со туристи. Како што информираат туристичките работници, сите сместувачки капацитети се полни, а најбројни се гостите од Македонија и Бугарија.
Според сопственикот на вилата „Лина“ Зоран Ајтовски, резревациите за Велигден се направени уште пред еден месец.
- Има многу заинтересирани кои се јавуваат да го поминат празникот овде, во Малешевијата. Но, капацитетите ни се ограничени. Од сите вили на Беровско Езеро, само 15-тина се издаваат на гости. Ме радува што секоја година интересот е се поголем и јас вложувам напори на гостите да им овозможам убав одмор, рече Ајтовски.
И во хотелските комплекси се исполнети сите резервации. Владо Мишеовски од хотел „Манастир“ истакна дека од утрово веќе пристигнуваат гостите, а најбројни се бугарските гости.
- Имаме договори со неколку бугарски агенции, а еве се јавуваат уште заинтересирани кои веќе ја препознаа Малешевијата и хотелот „Манастир“ како интересна туристичка дестинација. Туристичкиот пакет од Малешевијата е исполнет со многу традиција, домашна малешевска храна, прошетки, велосипедски и пешачки тури, посета на бачилото Клепало, но и на историски знаменитости, рече Мишовски.
Резервациите се во тек и за првомајските празници, а наредната недела се очекуваат првите гости оваа сезона од Израел и од Холандија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето