Берлин нема да испорачува оружје на Украина
Берлин објави дека нема да испорачува оружје на Украина поради можен конфликт со Русија. Тоа го потврди германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт. „Можам да ја разберам желбата да ја поддржиме Украина, но токму тоа веќе го правиме.
Украина во февруари ќе добие комплетна теренска болница, заедно со потребната обука, која е кофинансирана од Германија во износ од 5,3 милиони евра (6,01 милиони долари)“, изјави Ламбрехт во интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“. Таа потсети дека тешко ранети припадници на украинските сили веќе се лекуваат во Германија и нагласи дека Берлин засега не е подготвен да го снабди Киев со оружје. „Мораме да направиме се за да спречиме ескалација. Во моментов испораката на оружје не би била корисна, а за тоа има договор во Владата на Германија“, изјави Ламбрехт. Германскиот канцелар Олаф Шолц повтори дека политиката на Берлин е да не доставува оружје во конфликтните зони.
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам