Берлин истражува дали руските медиуми плански ја злоупотребуваат бегалската криза
Германија ги истражува сомнежите дека руските медиуми се обидуваат да ги зголемат тензиите во врска со бегалската криза со лажни извештаи, вклучително и со тврдења дека новогодишните сексуални напади во Келн биле извршени со наркомани најмени од ЦИА.
Германските контраразузнавчки агенции имаат задача да испитаат дали Владимир Путин се враќа на тактиките од Студената војна за да ја дестабилизира Германија, прашање за кое интерес покажа и канцеларката Меркел.
Според германски разузнавачки извори цитирани од неколку влијателни медиуми, постои сомневање дека рускиот претседател се обидува да посади семе на кавги во Европа со слабеење на моќта на Ангела Меркел.
Според нив, во некои делови од земајта тензиите растат кога новинските агенции и медиумите пренесуваат алармантни и често лажни извештаи за рекордни бројки на нови бегалци со што се намалува рејтингот на Меркел.
Германската влада досега не се пожалила јавно на ваквата состојба но портпаролката Кристина Виртз призна дека „внимателно се набљудуваат активностите на руските медиуми“.
Бегалската криза според дел од германските медиуми (Deutschland Radio Kultur) и даде на Москва златна шанса да покажат дека германските власти се „неспособни да се справат со напливот на бегалци во Европа. При известувањето за сексуалните напади во Келн за нова година руските медиуми користеле видеа од судирите на плоштадот Тахрир во Каиро за да се даде претстава дека Германија е окупирана од странци, заклучуваат германските медиуми.
Некои руски веб портали дури тврдат дека Американската разузнавачка агенција ЦИА стои зад некои од инцидентите во Германија. Но руските медиуми не се сами во обидот да се искриви вистината. Дел од проруските медиуми во Чешка се исто така инвентивни во обидот да ги загреат страстите, тврди дипломатската агенција на ЕУ, Европскиот сервис за надворешна акција. Чешкиот сајт aeronet.cz објавил вест дека Германија се договорила со социјалните мрежи Фејсбук и Твитер да ги брише сите негативни коментари за мигрантите и да ги блокират постовите со критики за бегалците. Истиот медиум во Декември објавил вест дека Германија се подготвува за санкции кон европските членки кои што нема да дозволат слободен проток на бегалците.
Најпознатиот случај на злоупотреба на состојбата со бегалците од страна на руските медиуми е извештајот за силување на 13 годишно руско девојче во Берлин кое што наводно било киднапирано и сексуално злоупотребувано 30 часа од страна на бегалци, случај за кој реагираше и рускиот министер за надворешни работи Лавров.
Германското обвинителство утврдило дека видеото на кое се гледа како бегалец раскажува за наводното силување е всушност лажно видео кое што сепак има одредено влијание врз јавното мислење во Германија особено меѓу бројното руско малцинство во земјата кое сеуште се инфрмира од медиумите на руски јазик.
Германските разузнавачи сега имаат задача да утврдат дали ваквите медиумски известувања се дел од поширок план организиран од Кремљ или пак се производ на индивидуалци и групи љубители на терориите на завери. Во изјва за „Зидојче Цајтунг“ висок претставник на службите за разузнавање вели дека не е лесно да се добијат цврсти докази за нарачани медиумските случаи а пособен проблем што тие дури и да се докажат Германија нема можност да влијае на Русија.
Ново на Сител
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад