Бепе Грило побара надзор врз медиумите кои пласираат лажни вести
Лидерот на италијанското популистичко „Движење пет ѕвезди“ и поранешен комичар Бепе Грило предизвика бурни реакции во земјата со неговиот предлог за создавање „народни жирија“, кои ќе ја следат работата на медиумите што „фабрикуваат лажни вести“, пренесоа француските медиуми.
Доколку овие жирија пресретнат лаги во печатените медиуми или телевизиите, кои се обвинувани за фабрикување на вести за дискредитирање на „Движењето пет ѕвезди“, „ уредникот ќе треба со наведната глава јавно да се извини и точната верзија на настанот да ја објави на првата страница од весникот или на почетокот на емисијата на телевизијата", напиша Бепе Грило на својот блог.
„Весниците и телевизијата се најголемите фабриканти на лажни вести во земјата со цел да гарантираат дека луѓето на власт ќе ја зачуваат“, додаде тој.
Италијанските медиуми реагираа гневно на предлогот на Грило.
Директорот на вести на приватната телевизија „Седум“, Енрико Ментана, изјави дека ќе поднесе тужба против Грило, а федерацијата на италијанскиот печат го осуди, како што го нарече, овој „линч врз новинарите“.
„Тоа што го предлага Грило се нарекува фашизам и луѓето кои го омаловажуваат стануваат негови соучесници“, изјави сенаторот од левоцентристичката Демократска партија Стефано Еспозито.
Десноцентристичката партија „Форца Италија“, основана од Силвио Берлускони, пак, соопшти дека Грило сака да создаде модерна верзија на Министерството за народна култура, што ја водело пропагандата под управата на фашистичкиот режим на Бенито Мусолини.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци