Белоруски опозиционер се обидел да се самоубие во судница | ВИДЕО
Белорускиот активист Степан Латипов, уапсен во протестите минатата година, се обиде да изврши самоубиство за време на судското рочиште во Минск во знак на протест против заканите на властите дека ќе ги гонат неговите роднини, пренесуваат светските агенции.
Белорускиот активист додека седел во судницата во просторот за обвинети, си нанел повреда во пределот на вратот со пенкало, објави Центарот за човекови права „Вијасна“ во Белорусија, пренесува АП.
„Тој беше хоспитализиран“, изјавија од Центарот за човекови права.
Пред да се повреди, Латипов му потврдил на својот татко дека за време на судењето истражителите се заканиле дека ќе отворат кривични случаи против неговите роднини и соработници доколку тој не се изјасни за виновен.
Латипов се соочува со обвиненија за нарушување на јавниот ред и мир, спротивставување на полицијата и други дејства што се казнуваат со затвор до 10 години и е во затвор од септември кога беше уапсен за време на масовните протести против претседателот Александар Лукашенко.
Протестите ги почна опозицијата кога Лукашенко го освои шестиот мандат на изборите во август, што опозицијата не го призна тврдејќи дека се наместени, анализираат агенциите.
Ново на Сител
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина
-
Ќе се шири истрагата за Грчец
-
Нема пензионерски домови
-
Агелер: Заедно ќе го чекаме победникот
-
Преглед на вестите од светот
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата