-->
-->
Белорусија стана партнер на БРИКС
-->
– Министерството за надворешни работи во Минск соопшти дека Белорусија стана земја партнер на БРИКС откако претседателот Александар Лукашенко на 5 ноември преку писмо го информира рускиот колега Владимир Путин, за подготвеноста на земјата да се приклучи на организацијата како партнер.
Статусот на земја-партнер предвидува континуирано учество на специјални сесии, на самити и состаноци на министрите за надворешни работи на БРИКС.
Исто така, можно е да се поканат партнерите и на настани на министерско ниво, особено за трговија, на состаноци со претставници за националната безбедност и на парламентарни форуми.
Партнерите можат да се приклучат на финалните документи на БРИКС.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит