-->
-->
Белград: Намален приливот на мигранти од Македонија и Бугарија
-->
Моментно во Србија има нешто повеќе од 3.000 мигранти, кои во земјата пристигнале преку Македонија и Бугарија, но нивниот дневен прилив се намалува, изјави денеска српскиот министер за социјална политика, Александар Вулин.
- Бројот се намалува не затоа што бегалската криза се ближи кон својот крај, туку затоа што ние воведовме мерки. Членови на српската војска и полиција патролираат по границата и ја чуваат српската територија од нелегални имигранти, изјави министерот.
Како што јави Танјуг, Вулин напомна и дека секој што ќе влезе во Србија, има право да побара азил, по што ќе биде примен во прифатен центар и за него ќе отпочне предвидената процедура. А, оние кои нема да побараат азил, ќе бидат вратени назад, нагласи министерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје