Белгија го намали степенот на опасност од закани на Трето ниво
Министерот за внатрешни работи на Белгија Јан Јамбон вечерва соопшти дека нивото на закана од тероризам во земајта, што по завчерашните терористички напади во Брисел беше кренато на максимално Четврто ниво, вечерва е намалено на Трето ниво, јави дописникот на МИА од Брисел.
Координативното тело за анализа на закани (ОЦАМ) на белгиската држава, „предложи и одлучи да го намали за еден степен“ нивото на закана, што ќе го олесни животот во главнито град на Кралството, како и во сите останати делови на државата.
Со оваа одлука на ОЦАМ, заканата од нов терористички напад веќе не е „очекувана и неизбежна“, туку според терминологијата на Третото ниво на закана истиот е „можен“. Во овој контекст, Координативното белгиско тело за анализа на закани издаде и неколку безбедносни мерки и тоа:
- Проверки по случаен избор ќе бидат поставени на сите станици на Белгија
- Метро-линиите постепено ќе се отвораат со присуство на војската и полицијата и на метро-станиците исто така ќе бидат организирани случајни проверки;
- Проверки со полициски кучиња ќе бидат поставени на аеродромските пристапи;
- Присуството на полицијата и војската ќе биде зајакнато на стратешки места во државата;
Како што е познато, при двата симултани терористички напади што завчера без извршени на Националниот аеродром Завентем и на метро-станицата Малбек во европскиот кварт на Брисел, загинаа вкупно 31 лице, а 300 беа повреднеи, од кои 63 лица се во тешка состојба и во животна опасност.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден