Свет
16. December 2016 - 9:15

Бела куќа: Путин вклучен во хакирањето за време на изборите во САД

Белата куќа сугерираше дека рускиот претседател Владимир Путин бил директно вклучен во хакирање кое имало за цел да се влијае врз американските избори и да се овозможи победа на Доналд Трамп, јави Би-Би-Си.

Советникот на Обама, Бен Роудс вели дека Путин има цврста контрола над операциите на владата што укажува дека бил свесен што се случува.

И портпаролот на Белата куќа Џош Ернест рече дека било „прилично очигледно“ дека е вмешан Путин, наведува Би-Би-Си.

Оифицјални лица во Русија вече неколкупати негираа обвинувања за хакирање.

– Се што знаеме за тоа како Русија дејствува и како Путин ја контролира владата укажува дека кога станува збор за таков значаен кибер напад, зборуваме за највисокото ниво на владата, изјави Роудс.