Бела куќа: Коридорот за борци на границата меѓу Турција и Сирија се уште не е затворен
Коридорот долг речиси сто километри на турско-сириската граница, преку кој минува шверцувана нафта и борци, се уште не е затворен, изјави портпаролот на Белата куќа Џорџ Ернест, јави ТАСС.
Тој дел со должина од 98 километри продолжува да биде незаштитен, рече Ернест, коментирајќи го повикот на претседателот на САД Барак Обама турско-сириската граница да биде „запечатена“.
Запрашан дали Белата куќа смета оти таа задача воопшто може да се оствари, тој потврдно одговори. - Тоа, се разбира може да биде направено. За тоа ќе биде неопходна соодветна одлучност од страна на Турците, додаде портпаролот.
Претходно, САД, според него, имале можност во практика да се убедат дека Турција е во состојба да држи под контрола значителни делови од својата граница со Сирија, со должина од околу 900 километри.
- Во целина, ние би сакале Турција повеќе да прави за заштита на границата, рече Ернест.
Според него, незаштитениот коридор долг 98 километри претставува проблем, бидејќи преку него минува нафта за црниот пазар и преминуваат странски борци. Таму се уште се одвива трговија и со други стоки, додаде портпаролот.
- Лишувањето на Исламска држава од пристап до финансирање е важен составен дел од нашите напори, насочени кон слабеење и на крај пораз на групата, додаде Ернест.
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови