Бектеши: Законот за енергетска ефикасност отвори можност за поефикасно јавно осветлување во општините
Со новиот Закон за енергетска ефикасност кој од вчера официјално
влезе во сила, се овозможи реализација на долгорочни договори за енергетски услуги од страна на друштва даватели на енергетски услуги – ЕСКО и се прецизираат одредбите и модел-договорите кои
овозможуваат реализација на проекти за подобрување на енергетската ефикасност, како за ефикасно осветлување, така и за други вложувања во енергетска опрема и инсталации каде меѓу другото се опфатени и реконструкции на згради.
Ова го порача министерот за економија Крешник Бектеши по днешеното потпишување договори за јавно-приватно партнерство по ЕСКО модел за јавно осветлување меѓу пилот општините Македонска Каменица и Чешиново – Облешево како корисници и ЕСКО компанијата Македонски Телеком АД – Скопје.
-Овој нов модел кој првпат се применува во суштина носи придобивки за јавните органи, бидејќи не е потребно претходно обезбедување средства од Буџетот на државата. Јавните органи со овој модел имаат можност врз основа на остварените заштеди на електрична енергија, со примена на мерки за енергетска ефикасност, да обезбедат подобри услуги за граѓаните, а трошокот за енергетското реновирање да го плаќаат преку сметките за електричната енергија, рече Бектеши.
Новиот закон, додаде, ќе овозможи реализација на потребните инвестиции и мерки во областа на
енергетска ефикасност, следејќи ги позитивните примери од земјите на ЕУ и регионот, каде енергетската ефикасност донесува корист на повеќе нивоа, како за граѓаните така и за економијата воопшто.
Координаторот на проектот Здравко Стефковски посочи дека меморандум за разбирање во Проектот на Европската банка потпишаа 21 општина од кои пет беа избрани за пилот-општини. Со две од нив денеска, како што прецизира, се потпишува договор за јавно-приватно партнерство, а за два месеца треба да биде потпишан и со остантите три плот-општини Василево, Радовиш и Валандово.
-ЕСКО компаниите ја носат целокупната инвестиција на високо квалитетна ЛЕД технологија за улично осветлување додека крајниот корисник, во овој случај општините, финансиски не учествуваат. Крајниот корисник ја враќа инвестицијата на ЕСКО компанијата исклучиво преку заштедата на енергија. Во тендерската постапка, општината ја избира онаа ЕСКО компанија која има уредна документација според тендерската документација и ќе понуди најголемата нето финансиска добивка за општината, рече Стефковски.
Времето на враќање на инвестицијата, додаде, изнесува во просек шест години, а понудениот животен век на светилките е 100.000 работни часа. За времетраење на договорот целокупното одржување на опремата која е предмет на договорот потпаѓа под ЕСКО компанијата. По завршување на договорот, целокупната заштеда на енергија и опремата остануваат на крајниот корисник т.е. општината.
-Ако се земе предвид дека системот за улично осветлување во просек работи 4200 работни часа годишно, во тој случај светилките би требало да работат околу 23 години, потенцираше Стефановски.
Градоначалниците на општините Македонска Каменица и Чешоново-Облешево, Соња Стаменкова и Горанчо Крстев, се заблагодарија на Министерството за економија и ЕБРД за можноста да учествуваат во ваков проект и да можат да инвестираат во енергетски ефикасна инфраструктура на нивната територија.
Градоначалничката Стаменкова посочи дека нејзиниот тим со кој соработувала во проектот бил визионерски и навреме ги согледал придобивките од овој вид финасирање, а грдоначалникот Крстев прецизира дека проектот ќе значи заштеди за општината.
Претставникот од ЕСКО Компанијата Македонски телеком Гоце Митевски истакна дека како компанија ќе продолжат да работат во обезбедување најдобри услуги за граѓаните преку најнови технологии и додаде дека пилот-општините иако се мали први го сфатиле предизвикот и придобивките од дигитализацијата.
-Покрај штедливи сијалици на општините им нудиме и напредна комуникациска мрежа со која се контролираат светилките и се овозможува заштеда од 40 до 80 отсто, а при тоа има до 60 отсто подобар квалитет на осветлувањето, рече Митевски.
Проектот за создавање услови за имплементација на ЕСКО проекти започна со реализација во септември 2019 година, кога во просториите на Стопанската комора беа организирани повеќе настани на кои беа презентирани условите за учество во овој проект, а Министерството за економија помогна во
структуирањето на проектите од аспект на енергетска ефикасност и јавно-приватно партнерство и координацијата на активностите со општините. Има за цел да обезбеди заштеда на трошоците за електрична енергија, создавање услови за имплементација на ЕСКО проекти, подобра услуга за граѓаните, како и да придонесе кон намалување на емисијата на стакленички гасови. Преку овој проект во почетокот беа опфатени пет-пилот општини Валанадово, Македонска Каменица, Радовиш, Василево и Чешиново – Облешево. Во втората фаза ќе биде проширен со ЕСКО проекти за поставување енергетски-ефикасно централно греење во јавните згради во општините.
Во рамките на проектот во Министерството за економија веќе е во тек изготвување на тендерска документација за спроведување на постапка за јавно-приватно партнерство за енергетско реновирање на зградата на Министерството.
-Очекуваме постапката да ја отпочнеме кон крајот на април. Ова ќе биде прв пример на тендерска постапка која ќе се спроведе по новиот модел за избор на ЕСКО и ќе биде модел по кој јавните
институции ќе треба во иднина да ги реновираат зградите со примена на мерки за енергетска ефикасност, рече Бектеши.
Нагласи дека е уверен оти овој проект ќе придонесе кон подигање на свеста за придобивките од преземањето на мерки за подобрување на енергетската ефикасност, како и кон заживување и целосна имплементација на ЕСКО договорите, а воедно ќе придонесе и за постигнување на националните цели за заштеди на енергија и подобрување на условите за живење на граѓаните.
Ново на Сител
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски
-
На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат