Бектеши за Чебрен: Одредена количина струја мора да остане во државата
Согласно последните измени на Законот за енергетика, има механизми со кои на енергетските капацитети им се наметнува обврска одредена количина струја да остане тука, во земјава, согласно потребите и потрошувачката, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, одговорајќи на новинарско прашање во врска со изградбата на Чебрен.
- Секој енергетски капацитет што е на територијата на Република Македонија, има механизми државата, посебно со последните измени на Законот за енергетика, да направи одредени обврски за одредена количина на струја да остане тука во државата, согласно потребите и потрошувачката која, знаеме дека не е иста во лето и во зима. Најважно од се, за вакви крупни проекти, енергетски капацитети, е да бидат внатре во територијата на Република Македонија. И ние тоа го правиме, почнувајќи од обновливите извори за енергија, сега и со Чебрен, а во иднина и со наредни проекти, истакна Бектеши на прес-конференција во Владата.
Владата минатата недела донесе одлука со која се овозможува реализација на реверзибилната хидроцентрала Чебрен, со инсталиран капацитет од најмалку 333 мегавати. Проценетата вредност на инвестицијата, како што информираа од владината прес-служба, е околу милијарда евра.
Ново на Сител
-
„Левица“ поднесе кривична пријава против Африм Гаши за законот за бранители
-
Седница на Централното претседателство на ДУИ
-
МВР: Приведени осомничени крадци во Куманово
-
Клиника „Козле“: Стручна комисија и стручниот колегиум не најдоа лекарски пропуст во третманот на починатото дете
-
Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември
-
Таравари за починатото 14-месечно бебе: Се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле
-
Претставници на студентите од УКИМ бараат од МОН да се преразгледа бројот на стипендии за студентите
-
Временските услови оптимални за есенска сеидба