Бектеши: Преку преговори со пазарџиите ќе стигнеме до соодветен закон за пазари
Преку разговори со сите засегнати страни ќе се обидеме да најдеме соодветно решение за Законот за тргување на зелените пазари, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Како министер за економија надлежен за Законот за тргување на зелените пазари сметам дека мора да има закон, но нема да биде каков што е актуелниот. Одредбите од законот отворено ќе ги договараме со сите засегнати страни и ќе донесеме одлука, имајќи во предвид дека имаме доволно време зашто законот е одложен за следната година, изјави Бектеши во одговор на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандум за разбирање со косовскиот колега Валдрин Лука.
Тој нагласи дека минатата недела заедно со премиерот Зоран Заев имале состанок со пазарџиите од Бит пазар и Зелениот пазар на кој се договориле и нив да ги вклучат во работната група за новиот закон.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра