Бектеши: Наредниот вторник ќе ги ревидираме замрзнатите цени
Министерот за економија, Крешник Бектеши информираше дека имал конструктивен состанок со увозниците на овошје и зеленчук, по што било одлучено да се направи мала корекција на цените на овие производи.
- Генералниот нашиот увоз е од Турција, Грција, Србија и Албанија и повикувајќи се на новите цени во Царинската управа, наредниот вторник ќе ги ревидираме замрзнатите цени, нема да има поскап зеленчук и овошје од 100 денари за килограм. Ќе има многу мало намалување како највисока цена на овие производи, но никако нема да има цени од пред неколку дена кои се движеа до 130 и 140 денари, рече Бектеши на брифинг со новинарите.
Бектеши додаде дека месец април секогаш бил проблематичен за цените на овошје и зеленчук поради тоа што немаме домашно производство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето