Бектеши на состанок на светската туристичка организација во Кина
Македонска делегација предводена од министерот за економија Крешник Бектеши учествува на 22. седница на Генералното собрание на Светската туристичка организација (UNWTO)што се одржува во градот Ченгду, Кина, а на која министрите повеќе земји од светот надлежни за туризмот разговараат за развојот на светскиот туризам, новите трендови, подобрувањето на туристичките услуги и одржливиот туризам, соопшти Министерството за економија.
Министерот Бектеши ја претставил стратегијата за туризам на нашата земја, а имал и средба со генералниот секретар на UNWTO, Талеб Рифаи.
- За време на состанокот министерот Бектеши обезбеди поддршка за Македонија на која се согласија и за проекти во областа на туризмот кои ќе се реализираат во соработка меѓу Министерството за економија како одговорна за туризам во Македонија и Светската туристичка организација со седиште во Мадрид, се вели во соопштението.
Меѓу проектите што Бектеши и Рифаи се согласиле да ги реализираат се и поддршката на експерти за измени на законите за туризам и угостителство, прописите за категоризација на угостителските објекти, поддршката за имплементација на системот за одзив на туристи ТСА (tourist satellite account), обуки за вработените во секторот туризам во седиштето на UNWTO во Мадрид, за 2 лица до 6 месеци во континуитет, како и обука на студентите кои се запишани на универзитет за туризам.
Министерот за економија, како што се наведува во соопштението, му се заблагодарил на генералниот секретар Рифаи за безрезервната поддршка за Македонија и најавил успешна соработка во иднина.
Бетекши ќе присуствува и на гласањето на Извршниот одбор на UNWTO, каде што ќе биде избран новиот генерален секретар за следниот мандат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга
-
Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот - и внатре и надвор дишеме загаден воздух
-
Пожар на Беласица
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието