Бектеши: Голем интерес за поставување фотоволтаици кај домаќинствата и компаниите
Има голем интерес за поставување фотонапонски панели од страна на домаќинствата и малите потрошувачи, посебно сега откако беше објавен новиот изменет Правилник за обновливи извори на енергија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во денешното гостување во „Утрински брифинг“.
-До 2019 година имавме многу стар закон за енергетика кој ги немаше инкорпорирано обновливите извори на енергија, од тие причини и се менуваше, а со тоа и Правилникот за обновливи извори според кој сега секое домаќинство ќе може да монтира фотоволтаици. За да се монтираат фотоволтаици потребно е домаќинството да го смени мерачот со таков кој има влез и излез на електрична енергија. Така вишокот на енергија домаќинствата можат со операторот да вршат размена и потоа произведената струја да се компензира или да се наплати. Ако беше дозволено четири киловати сега со новиот Правилник е дозволено производство на шест киловати. Така едно домаќинство ако искористи само два киловати вишокот на енергија од 4 киловати може да ја предаде на ЕВН кој е Универзален снабдувач. Така домаќинствата можат да вршат размена и потоа произведената струја да се компензира или да се наплати, кажа министерот Бектеши.
Министерот информираше дека има приватни компании кои инсталираат вакви панели, а за да се монтираат треба потврда од надзор според Законот за градење, кој во наредниот период ќе претрпи измени со цел да се поедностават процедурите за да се стимулира зелената енергија.
-Од 1 јули ќе има нов тарифник за наплата на електричната енергија, кој ќе биде скалест, па оттука во која тарифа ќе се испорача струја од домаќинството до снабдувачот, снабдувачот во истиот период ќе има обврска по иста цена да ја пресметува електричната енергија што ја испорачува до тоа домаќинство. Нашите проценки се дека до крајот на годината ќе имаме 150-170 киловат часови инсталирана моќност од ваква инвестиција од домаќинствата и компаниите, кажа министерот Бектеши за „Утрински брифинг“.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија