-->
-->
Бејли со честитки за македонскиот Парламент по синоќешното гласање за уставни измени
-->
По синоќешното гласање во македонскиот Парламент, каде со две третинско мнозинство беше поддржана иницијативата за почнување процес на измени на Уставот, како што налага Договорот од Преспа, со реакција се огласи и американскиот амбасадор Џес Бејли.
„Честитки за македонскиот Парламент за гласањето за иницирање уставни измени, согласно Преспанскиот договор. Пратениците од сите партии покажаа храброст и лидерство со тоа што се здружија за да помогнат да се обезбеди место на Македонија на Западот, во НАТО и во ЕУ ", напиша на Фејсбук американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот