Балкан
19. May 2016 - 20:07

Бегалскиот камп во Идомени ќе биде испразнет во следните неколку недели

Новите сместувачки капацитети, во кои ќе бидат преместени бегалците од Идомени, наскоро ќе бидат готови, изјави портпаролот на грчката служба за бегалци Јоргос Кирицис, јави АНА-МПА. 

Тој појасни дека празнењето на бегалскиот кампо во Идомени ќе ги реши проблемите со грчките железници во граничниот регион. 

Кирцис објасни дека новите прифатни центри се наоѓаат во изнајмени терени и згради во регионот на Терми и Евкарпија во близина на Солун. 

Се предвидува да биде изграден уште еден прифатен центар со капацитет од 1300-1500 места во реонот на Гревена во западна Грција, додаде Кирцис.