Басеску повторно со закани до Белград заради романското малцинство во Србија
Поранешниот претседател на Романија, Трајан Басеску, кој е лидер на партијата Народно движење, повторно и се закани на Србија со можно вето за членство во ЕУ, ако Белград не го почитува во целост билатералниот договор за заштита на права на романското малцинство во Србија, јави Танјуг, повикувајќи се на порталот Војводина денес.
Басеску во февруари 2012 година одби да потпише Договор за кандидатурата на Србија за членство во ЕУ, со барање гаранции дека правата на романското малцинство во Србија ќе бидат подобро заштитени. Така тогаш одлуката за кандидатура на Србија остана да виси во меѓупростор на два состанока на Советот на ЕУ и самитот на Европскиот совет одржан на 1 и 2 март 2012 година.
Романската делегација ненадејно одби да го потпише договорот, барајќи гаранции дека правата на нивната мала група етнички Романци во Србија ќе бидат подобро заштитени. Дел од околу 40 илјади припадници на етничката влашка заедница се сметаат за Романци, додека останатите Власи се сметаат за Срби, наведува Танјуг. На пописот во 2002 година во Тимочка Краина како Власи се изјасниле повеќе од 40.000 луѓе, додека како Романци само 4.500.
Популарноста на десничарското Народно движење, на чие чело е Басеску, е во пораст и има поддршка од шест до осум отсто избирачи. Во Романија до крајот на годината ќе се одржат парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?
-
Србија е единствениот кандидат за ЕУ што не ги почитува новите одлуки поврзани со Украина и Северна Кореја