-->
-->
Бартомеу: Нема проширување и посебни покани за настап во Евролигата
-->
Првиот човек на Њевролигата, Жорди Бартомеу потврди дека нема да има никакви промени што се однесува до наредната сезона.
Во интервју за рускиот весник „РС-Спорт“, тој објасни кој се ќе игра наредната сезона во Евролигата, потврдувајќи дека нема да има специјални покани.
- Извесно е дека следната сезона ќе играат единаесет екипи со „А“ лиценца, како и победникот во Еврокупот, односно шампионите на Шпанија и Германија како и победниците во ВТБ и АБА лигата. Специјални покани нема да има, изјавил Бартомеу, потенцирајќи дека овој формат беше донесен минатата година и дека сите екипи и лиги знаат какви се правилата.
На прашањето, дали во иднина постои можност за зголемување на бројот на екипи кои би играле во најквалитетната европска клупска лига, Шпанецот децидно ја отфрли таквата претпоставка.
- Тоа е невозможно. Проширувањето на Евролигата на 24 екипи е исклучено во блиска иднина и сигурно нема да се случи такво нешто ниту во наредните десет години, заклучил Бартомеу.
Евролигата сезонава се игра по нов формат во кој 16-те екипи ќе одиграат 30.кола секој против секого (дома и гости), по што ќе осумте најдобри ќе се пласираат во четвртфиналето, а победниците ќе играат на завршниот “Фајнал-фор“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец
-
Во Македонија нема доволно пречистителни станици за отпадни води
-
Преглед на вестите од светот