-->
-->
Барселона ќе се обиде да го убеди Чави да остане главен тренер на тимот
-->
Потпретседателот на Барселона Рафа Јусте призна дека клубот ќе се обиде да го убеди главниот тренер на тимот Чави да продолжи со работа по крајот на сезоната.
- Се надевам и посакувам Чави да остане во клубот. Со него разговараме за долгорочен проект, а не зборуваме за сезона или две. Ќе се обидеме да го убедиме Чави да остане во клубот, но се зависи од него, изјави Јусте за „АС“.
Четириесет и четиригодишниот Шпанец во јануари најави дека ќе го напушти тимот на крајот на сезоната. Чави ги води Каталонците од ноември 2021 година. Претходно соработуваше со катарскиот Ал Сад.
По 30 натпревари, Барселона е втора во шпанската Ла Лига со 67 бодови, пет бода зад Реал Мадрид, но тимот на Карло Анчелоти има еден натпревар помалку.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот