Барак: Планот на Трамп за Газа е „фантазија“
Поранешниот премиер на Израел, Ехуд Барак предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на околу два милиона Палестинци од Појасот Газа го оцени како „фантазија“.
- Тоа не изгледа како план, што некој сериозно го разгледал. Тоа повеќе личи на провокација или можеби обид да се покаже поддршка за Израел, изјави Барак.
Според него коментарите на Трамп може да се обид да се извршѓи притисок врз арапските лидери и ги предупредува „еве што ве чека ако не се разбудите, не понудите практично решение за Газа и не помогнете да се отстрани Хамас од власта“.
- Сосема е можно умерените арапски држави во регионот да понудат подобар пристап како одговор на половичниот план на Трамп. Ќе треба да се решат клучните прашања, како што се како да се оди напред во Газа, како да се спречи Хамас да владее и како да се осигури дека Израел повеќе нема да биде загрозен. Ова се легитимни и важни прашања за нас, наведе Барак.
Ново на Сител
-
Трамп најави купување на нов автомобил Тесла во знак на поддршка за Илон Маск
-
Струмичките и радовишките пожарникари вчера изгаснаа 12 пожари на отворено
-
Еден загинат и тројца повредени во украински напад со дронови врз Москва
-
Маск: „Х“ урната поради масовен кибер напад со потекло од Украина
-
Меркел ја повика Европа да се обедини пред политичките предизвици
-
Во Собранието ќе заседава Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР
-
Блумберг: САД на состанокот во Саудиска Арабија ќе ја притиснат Украина за примирје
-
Kомеморација по повод 82 години од холокаустот на македонските Евреи