Свет
7. December 2015 - 18:29

ОН бара од земјите членки да им помогнат со 20,1 милијарди долари на 87 милиони луѓе во светот

ОН ги повика денеска земјите членки да донираат 20,1 милијарди долари за помош на 87 милиони луѓе од 37 држави во светот во текот на следната година.

Заменик генералниот секретар на светската организација Стивен о’Брајан објасни дека ова е апел за најголемата сума, побарана досега од ОН.

Тој даде споредба дека пред десетина години ОН побарала од своите членки пет пати помалку финансиски средства.

Со парите кои ги бара ОН од земјите членки, организацијата планира да одговори на 27 кризи, кои загрозуваат вкупно 37 држави. Од најголема криза се зафатени Сирија, Ирак, Јемен и Јужен Судан, за кои ќе бидат наменети најголеми делови од помошта.