Балтичките земји предупредуваат на можен воен конфликт на границата со Белорусија
Балтичките земји-членки на Европската унија предупредија на можна воена ескалација на конфликтот поради мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европската унија од Белорусија.
Министрите за одбрана на Балтикот предупредија дека „тесните грла на мигрантите, за кои ЕУ вели дека Минск намерно ги создава, се закануваат на голем дел од источното крило на блокот – па дури и може да предизвикаат воен конфликт“, јави Фена.
– Големи групи луѓе се собираат и се транспортираат до граничната област, каде потоа се принудени илегално да ја преминат границата. Ова ја зголемува можноста за провокации и сериозни инциденти кои лесно може да прераснат во воен конфликт, напишаа во заедничка изјава Кале Лаанет од Естонија, Артис Пабрикс од Летонија и Арвидас Анусаускас од Литванија.
Нагласувајќи ја билатералната поддршка на нивните земји за Полска, министрите, исто така, ја повикаа ЕУ „да ја зголеми својата поддршка за подобрување на безбедноста на нејзините надворешни граници“.
Стотици мигранти, меѓу кои и многу деца, живеат на отворено на многу ниски температури долж западната граница на Белорусија со ЕУ. Некои имаат шатори, други се засолнуваат само во блиската шума.
Мигрантите, главно од Блискиот Исток, сега се во ќорсокак меѓу авторитарниот режим на белорускиот лидер Александар Лукашенко, кој беше обвинет дека им помогнал да стигнат до граничната област, и полските власти, кои одбиваат да ги пуштат на територијата на ЕУ.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени