Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам
Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли гласините дека има намера да се откаже од кандидатурата за претстојните избори и нагласи дека е подготвен да победи во ноември.
-Дозволете ми да го кажам ова што е можно појасно: се кандидирам, никој не ме тера. Не заминувам. Во оваа трка сум до крајот и ќе победиме, рече претседателот, пренесен од американските медиуми.
Како што беше најавено претходно, демократските гувернери на Њујорк, Минесота и Мериленд ја поддржаа кандидатурата на претседателот Џо Бајден за претстојните избори во САД.
-Претседателот отсекогаш ни го чува грбот.
Ќе го чуваме и ние неговиот, изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур, по состанокот со Бајден и потпретседателката Камала Харис во Белата куќа, на кој присуствуваа 24 демократски гувернери.
Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, изјави дека сите гувернери ветиле поддршка за Бајден. -Претседателот учествува во трката за да победи, истакна таа.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола