Бајден во посета на Канада
Американскиот претседател Џо Бајден денеска и утре ќе биде во посета на Канада, која треба да биде многу пријателска, но нема да може да заобиколи неколку чувствителни прашања поврзани со трговијата, имиграцијата и трошоците за одбрана.
Американскиот претседател кон крајот на денот треба да пристигне во Отава, каде заедно со сопругата Џил ќе биде примен од канадскиот премиер Џастин Трудо.
Двајцата лидери утре ќе имаат работна средба, по што Бајден ќе се обрати пред канадскиот Парламент, каде ќе „истакне дека партнерството меѓу САД и Канада не само што е во корист на двете земји, туку и на целиот свет“, изјави Џон Кирби портпаролот на Белата куќа.
Претседателот на САД потоа ќе одржи заедничка прес-конференција со Трудо, по што ќе следи гала вечера.
Тоа е прва ваква посета од 2009 година.
Вообичаено е американскиот претседател прво да отпатува во Канада по преземањето на функцијата, но Бајден беше спречен да го стори тоа поради пандемијата, па имаше виртуелна „посета“ во февруари 2021 година.
Ново на Сител
-
Прeглeд нa вeститe oд свeтoт
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата