Бајден побара повлекување на турските војници од Ирак
Американскиот потпретседател Џо Бајден синоќа ја повика Турција да ги повлече своите војници од Ирак, кои, како што рече, се ноѓаат на ирачка територија без согласност на властите во Багдад.
На средба со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, Бајден порача дека САД го поддржуваат територијалниот интегритет на Ирак и ја повика и Турција да го стори истото.
Според дипломатски извори од Вашингтон, Бајден и Абади се согласиле дека секој влез на странски сили во Ирак треба да биде одобрен од властите во Багдад, при што ги поздравиле најавите на Анкара дека повлекла дел од своите војници од северен Ирак.
Повикот на Бајден следи по вчерашниот напад на припадници џихадистичката група Исламска држава (ИД) врз воената база кај градот Башика во северен Ирак, во која се стационирани турските војници.
Според локални медиуми, при нападот бил повредени најмалку четворица турски војници, додека над 70 „се водат како исчезнати“. Истите извори информираа дека припадниците на ИД истрелале над 300 гранати врз базата.
Турција на 4 декември распореди тенкови во севениот дел на Ирак со образложение дека то го прави во рамки на обуката на курдските сили кои се борат пропив припадниците на ИД.
Багдад остро регаираше на ваквата постапка, оценувајќи дека тоа претставува кршење на ирачкиот територијален суверенитет и побара од Анкара веднаш да ги повлече своите војници од територијата на Ирак.
Распоредувањето на турските војници во северен Ирак, претходно го осуди и Москва, која оцени дека таквата постапка е незаконска и неприфатлива.
Ново на Сител
-
Директорот Бурим Љатифи го пушти во работа новиот трансформатор во ТС Битола 2: Клучен чекор за енергетска стабилност
-
Трудо поднесе оставка како лидер на партијата, но ќе остане премиер додека партијата не избере негов наследник
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество