-->
-->
Бајден побара од Пентагон да продолжи со своите активни испораки на оружје за Украина
-->
Американскиот претседател Џо Бајден побара од Пентагон да продолжи со своите активни испораки на оружје за Украина и го осуди рускиот напад врз украинските градови и енергетската инфраструктура на Божик.
„Целта на овој срамен напад беше да се прекине пристапот на украинскиот народ до греење и електрична енергија во текот на зимата и да се загрози безбедноста на мрежата“, наведе Бајден во изјавата.
Киев соопшти дека во средата Русија нападнала украински енергетски објекти и некои градови со крстосувачки и балистички ракети и беспилотни летала.
Откако Москва започна со нападите врз Украина во 2022 година, Вашингтон досега и обезбеди на Украина помош од 175 милијарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче