Бајден: Не сум радикален социјалист, сакам да ја спасам Америка од Трамп
Дали сметате дека насилството на улиците ќе се намали ако Доналд Трамп биде реизбран? Тој не може да го запре насилството бидејќи го разгоруваше со години … во насилството гледа сламка за спас, изјави синоќа Џо Бајден на предизборен митинг во Питсбург, Пенсилванија.
Поранешниот потпретседател на САД, и претседателски кандидат од демократите го обвини Трамп и за покорност кон рускиот лидер Владимир Путин. Трамп пак, во изјава за Фокс Њуз рече дека Бајден бил „марионета“.
-Верува дека со расфрлање на зборовите „ред и закон“ изгледа посилен. Но неуспехот да ги повика своите поддржувачи да престанат да се однесуваат како вооружена паравојска покажува колку е слаб, изјави Бајден за Трамп.
-Дали некој верува дека во Америка ќе има помалку насилство ако тој биде реизбран? Нам ни треба правда и безбедност во земјата, соочени сме со повеќе кризи. Под водство на Доналд Трамп кризите се мултиплицираат. Ковид-19, економски крах, непотребно полициско насилство, охрабрени бели националисти, расизам, изјави демократскиот претседателски кандидат.
-Ме знаете мене, ја знаете мојата приказна, го знаете моето семејство. Зар навистина сметате дека јас сум радикален социјалист со слаба точки за бунтување. Стварно? Сакам да ја спасам Америка. Да ја спасам од Ковид, од криминалот и грабежите, да ја спасам од насилството предизвикано од расизам, да ја спасам од лошите цајкани, истакна Бајден, и додаде: Да ја спасам од уште четири години Доналд Трамп (во Белата куќа).
Бајден го обвини претседателот и неговиот потпретседател, Мајк Пенс, за кризата со Ковид-19, за над 180.000 починати од коронавирус и економската криза „каква што сме немале од Големата депресија, со невработеност од повеќе десетици милиони.
Во понатамошното обраќање Бајден го обвини шефот на државата за „покорност“ спрема Русија.
-Кремљ распишал награди за главите на нашите американски војници и наместо да се спротивстави на Владимир Путин, дека ќе се плати висока цена ако се обидат да допрат американски војник, овој претседател дури не ја започнал оваа тема во неговите бројни телефонски повици со Путин.
-Имаше извештаи дека руските сили ги нападнале американскиот војници во Сирија. Дали слушнавте некој збор од Трамп за тоа? Барем прст да подигнеше, кажа Бајден.
Додаде дека ниту еден претседател досега не покажал таква покорност кон некој руски лидер.
-Не само што е опасно, туку е и понижувачки, тоа не прави послаби пред целиот свет, истакна Бајден.
Соопштенијата за распишаните награди за убиства на американски војници Трамп ги нарече неосновани и истакна дека не добил такви извештаи од американското разузнавање.
Во интервју за телевизијата Фокс њуз синоќа, Трамп укажа дека Америка ја чека револуција на „радикални левичари“ ако претседател на САД стане Џо Бајден.
Според него, неговиот конкурент е „марионета“.
-Бајден … е слаб човек и таков бил цел живот. Него го контролираат, како кукла … тоа е револуција. Тој не треба да се кандидира за претседател, рече Трамп.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО