Балкан
11. December 2015 - 8:41

Бајден и Давутоглу: Да се резрешат тензиите меѓу Турција и Ирак

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден разговараше со турскиот премиер Ахмет Давутоглу за борбата против Исламаска држава и за тензиите меѓу Анкара и Багдад, сооптши Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека Бајден и Давутоглу ја потенцирале „важноста за разрешување на тензиите меѓу Турција и ирачката Влада со целосно почитување на суверенитетот на Ирак.

Претходно, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган истакна дека турската армија нема да се повлече од Ирак, откако Багдад ја обвини Анкарта дека без дозвола разпоредила војска на ирачка територија.

- Моментално, повлекување на нашите војници не доаѓа предвид, истакна Ердоган.