Бајден го повика Сенатот да ја одобри помошта за Украина, Израел и Тајван
Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека усвојувањето на законот за странска помош од Претставничкиот дом испраќа „јасна порака“ за американското лидерство во светот.
„Членовите на двете партии во Претставничкиот дом гласаа за унапредување на интересите на нашата национална безбедност и испраќање јасна порака за моќта на американското лидерство на светската сцена. Во оваа критична пресвртница, тие се собраа да одговорат на повикот на историјата, донесувајќи итно потребен закон за националната безбедност за која со месеци се борев да ја обезбедам“, рече Бајден.
Тој го повика Сенатот да ги усвои овие закони што е можно поскоро и да ги испрати кај него за да може да ги потпише и оружјето и опремата брзо да се испратат во Украина.
По неколкумесечни политички битки, Претставничкиот дом на Конгресот на САД усвои пакет од 95 милијарди долари, кој предвидува околу 60 милијарди долари помош за Украина, 26 милијарди за Израел и околу 10 милијарди за индо-пацифичкиот регион.
Усвоен е и закон кој доведе до чекор поблиску до забраната на Тик-Ток во САД, како и закон со кој се забранува финансирање на агенцијата на ОН која им помага на Палестинците и палестинските бегалци.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош
-
Токовски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама
-
Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија
-
Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе