-->
-->
Бабиќ го напушти кормилото на Хрватска
-->
Жељко Бабиќ повеќе не е селектор на хрватската ракометна репрезентација, откако во четвртокот поднесе оставка на функцијата. Бабиќ, кој со Хрватска беше трет на ЕП во Полска, на Олимписките игри во Рио де Жанеиро не успеа да стигне до медали.
Жељко Бабиќ нешто повеќе од една година се задржа на кормилото на хрватската репрезентација, а поради неуспехот на Олимписките игри, реши да поднесе оставка.
Во оставката Бабиќ напишал дека немал доволна поддршка и во јавноста и во националниот Сојуз и дека поради главната цел, а тоа е освојување на златен медал на Европското првенство кое во 2018 ќе се одржи токму во Хрватска, заминува од функцијата.
Покрај тоа хрватските медиуми пренесувајќи делови од писмото на Бабиќ го цитираат делот дека атмосферата во репрезентацијата била лоша.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата