Азири од случајот „Монструм“ тврди дека исказот го дал под притисок на полицијата - се изјасни за невин
Со исказ на обвинетиот Хаки Азири денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година.
Азири денеска пред судот тврдеше дека делото го признал под притисок на полицијата и дека не се чувствува виновен. За денот на петкратното убиство денес пред судот Азири раскажа дека бил слободен граѓанин, дека иако работел како возач, тој ден му бил слободен па го искористил за работа во бавча.
- Бев приведен на 1 мај и бев малтретиран. Јас до тој момент не знаев зошто ме приведоа. Ме тепаа и кажуваа дека сум го извршил убиството. Ме држеа се додека не научам што да кажам, кога ќе ме изнесат пред суд. На кого и да му го направеа тоа што мене ми го сторија, ќе признаеше не само убиство, туку што било, рече Азири во својот исказ.
Тој пред судот потврди дека ги познава сите обвинети но негираше дека ги превезувал по извршениот масакар иако тоа претходно го признал пред јавен обвинител. СЈО побара на следното рочиште да биде емитувана и снимка од неговиот поранешен исказ.
На претходното рочиште повеќе од пет часа исказ даваа обвинетите Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири кои исто такла тврдеа дека не се виновни.
Во претходно водениот судски процес судот ги осуди обвинетите за монструм на доживотен затвор но Врховниот суд ја укина пресудата и ги ослободи обвинетите од притвор по што процесот го презема Специјалното обвинителство. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.
Ново на Сител
-
Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС
-
20-годишно момче од Охрид е втората жртва во тешката сообраќајка на патот Битола – Ресен
-
Николоски: Нови авиолинии од македонските аеродроми, годината ќе ја завршиме со двоцифрен раст на бројот на патници
-
Три активни пожари до 18 часот, 16 изгаснати
-
Утре седница на Советот за национална безбедност на Србија
-
Фицо ја суспендира воената помош за Украина
-
Пожар избил во возило во движење на патот Валандово - Дојран
-
Грчката полиција на аеродромот во Атина уапси маж кој проголтал 100 пакувања со кокаин