-->
-->
Азербејџан организира големи воени вежби во близина на Нагорно Карабах
-->
Баку, 18 јуни 2016 (МИА) - Азербејџан организира големи воени вежби во близина на спорниот реон Нагорно Карабах, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.
Маневрите ќе започнат од утре до 24 јуни во Нахичеван, на границата со Иран, и на брегот на Каспиското Море. Ќе учествуваат 25.000 војници, 30 тенкови и оклопни возила, над 100 минофрлачи, околу 40 воени авиони и 30 балистички ракетни системи, бродови и специјални единици.
Воените вежби ќе се спроведат два месеца по жестоките судири со сепаратистите во Нагорно Карабах, во кои загинаа 110 лица.гт/08:49
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи