Автопатот од Приштина до границата со Македонија готов до крајот на годината
Автопатот од Приштина до границата со Македонија ќе биде готов до крајот на годината, најавија косовскиот премиер Рамуш Харадинај и министерот за инфраструктура Паљ Лекај кои денеска направија увид во градежните работи на автопатот „Арбен Џафери“.
Тие, како што јави дописникот на МИА од Приштина, заедно со директорот на проектот Ријад Алкавзаи, ја посетија клучката на автопатот кај селото Доганај, каде што се крева мостот Качаник-Генерал Јанковиќ во должина од 5,7 километри.
Алкавзаи ги информира премиерот и министерот дека на овој сегмент, кој е последен дел од автопатот што го поврзува косовскиот главен град со Македонија, се работи седум дена во неделата во две смени, за што се ангажирани над 300 домашни компании со околу 4.000 работници.
Харадинај по посетата напомена дека мостот кој се гради на тој дел е најголема таква градба во целиот регион.
- Им се заблагодарив на илјадниците работници и домашни фирми, како и на професионалниот тим на „Бехтел-Енка“ за нивните извонредни заложби, охрабрувајќи ги да ја задржат динамиката за завршување на овој проект до крајот на годината. Проектот на автопатот „Арбен Џафери“, а посебно импресивниот мост, претставува едно величествено дело, како доказ за нашата посветеност за регионално интегрирање, кое го отвора патот за остварување на аспирациите на Западен Балкан за обединување во европското семејство, напиша Харадинај на „Фејсбук“.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно