Македонија
13. August 2021 - 18:39

Автомобил падна во провалија во близина на штипските градски гробишта | ФОТО

Автомобил излетал од патот и завршил во провалија висока околу 20 метри во околината на штипските градски гробишта на патот над капелата, пренесува ММС.

Очевидци и лица присутни на лице место велат дека немало траги од кочење, а на терен биле излезени од противпожарната единица за да се извлече лицето од возилото по што возачот бил пренесен во штипската Клиничка болница.

Како што пренесува порталот лицето се здобило со телесни повреди, но не е во животна опасност.

МВР најави повеќе детали за подоцна.