Македонија
4. May 2017 - 14:27

Автомобил излета во провалија кај Охрид, има повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера  околу 14.30 часот на локалниот пат с.Вишни-с.Радолишта, струшко. Во несреќата учествувале автомобил марка „Шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Т. (34) од Струга, поради неприлагодена брзина на движење спрема условите и состојбата на патот, изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна и излетал надвор од коловозот, во провалија. Во незгодата И.Т. се здобил со тешки телесни повреди. Истиот, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата за коскени заболувања Св.„Еразмо“ во Охрид, каде е задржан на лекување. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица во Струга.