-->
-->
Автомобил излета во провалија кај Охрид, има повредени
-->
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 14.30 часот на локалниот пат с.Вишни-с.Радолишта, струшко. Во несреќата учествувале автомобил марка „Шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Т. (34) од Струга, поради неприлагодена брзина на движење спрема условите и состојбата на патот, изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна и излетал надвор од коловозот, во провалија. Во незгодата И.Т. се здобил со тешки телесни повреди. Истиот, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата за коскени заболувања Св.„Еразмо“ во Охрид, каде е задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица во Струга.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци