Македонија
26. May 2022 - 12:47

Автомобил излета на автопатот Скопје - Велес, загина малолетник

На 25.05.2022 во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес, пред наплатна станица Сопот, патничко моторно возило „рено клио“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.В.(38) од Неготино, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник(дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот.

Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје. Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.