-->
-->
Автобусот со број 50 од денеска повторно ќе застанува во ГТЦ
-->
Автобуската станица во Градскиот трговски центар од денеска повторно ќе почне да функционира. Тука ќе застанува автобусот со број 50, кој сообраќа од Хиподром до Клиничкиот центар.
- Сега ја враќаме автобуската станица за број 50, наместо спроти Културниот - информативен центар ќе поминува низ ГТЦ. Тоа важи само за автобусот со број 50, изјави вчера скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Автобусот со број 50 кон Клиничкиот центар ќе сообраќа по изменета траса, по автобуската постојка „МНТ“ на улицата „Филип Втори Македонски“ ќе ја користи постојката во сутеренот на Градски трговски центар, а потоа ќе ја користи автобуската постојка „Центар-Рекорд. Автобусот од Клиничкиот центар кон Хиподром ќе сообраќа по постојната траса.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта