Македонија
9. July 2024 - 13:47

Автобус прегази 84 годишна жена во Илинден

Вчера во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„2“ во населбата Илинден во Скопје, автобус „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(71) од с.Марино, скопско, удрило во пешак, 84-годишната С.Ј. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.