Австрија воведува дневен лимит за бегалците
Австриското Министерство за внатрешни работи ги потврди соопштенијата објавени во весниците „Курир“ и „Кронен цајтунг“, според кои министерката за внатрешни работи Јохана Микл - Лајтнер објави дека ќе биде воведена дневна „горна граница“ за бегалците по јужната граница на земјата.
Министерката сака да ја воведе мерката по десет до петнаесет дена.
На тој начин ќе се исполнат одлуките од јануари за воведување на годишен лимит за бегалците.
- Во согласност со планот ставаме кочница, изјави Микл-Лајтнер.
Се уште не е наведен конкретниот број на луѓето, кои ќе бидат пропуштани да влезат во земјата, тоа ќе зависи од можностите за сместување во покраините, капацитетот на полицијата и бројот на бегалци, што ќе го прифати Германија.
Министерката ќе посочи конкретни бројки непосредно пред воведување на новата мерка.
Ново на Сител
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките
-
ДУИ: Се партизира судството
-
Фетаи добил закани по живот